СТРАТЕГОТ НА ГЛАЗГОВ РЕНЏЕРС

НЕ ГО САКА ЛАНСКИОТ ШОК, Џерард: Шкупи ќе ни биде добар тест!

Шкупи доби атрактивно име во Глазгов Ренџерс во првото квалификациско коло на Лига Европа.

објавено: 21 јуни 2018 - 10:50

Легендата на Ливерпул и менаџер на шкотскиот гигант, Стивен Џерард смета дека ждрепката била добра за неговиот клуб, но и од друга страна го почитува Шкупи.

„Мислам дека нема да ни биде тешко во првото квалификациско коло само поради тоа што се случи минатата година. Многу е важно од наша страна да покажеме почит, противникот го заслужи правото што стигна до тука и ја има шансата да игра против Ренџерс.

Можност за нив да се промовираат и ќе се обидат со сите сили да елиминираат големо име. Сигурен дека сите играчи сакаат да се покажат во најдобро светло, јас верувам дека имавме добра ждрепка и добар тест за нас што ќе го играме првиот меч на домашен терен. Сакаме да играме што подолго во Европа, а фокусот е насочен кон првиот дуел со Шкупи", се зборовите на шефот на шкотскиот клуб Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард.

Глазгов Ренџерс минатата сезона доживеа вистински шок откако беше елиминиран токму во првото квалификациско коло од Прогрес Нидеркорн (Луксембург) со вкупен резултат 2:1.

Најново во Фудбал