ТОЈ Е НА ПОЗАЈМИЦА ВО СЛОВЕНИЈА ОД РИЕКА

Не чека, веднаш ги тресе мрежите: Кршко е одличен клуб...!

Милан Ристовски е помладиот брат на Стефан кој игра во редовите на Спортинг Лисабон...

објавено: 15 јули 2018 - 14:35

Нашиот интернационалец за словенечкиот клуб веќе постигна три голови досега на три од вкупно пет досега пријателски натпревари како дел од летните подготовки.

Досега настапуваше за Работнички и Риека, а исто така е дел од македонската млада репрезентација (У21).

„Не ја познавам добро словенечката лига, но верувам дека подобро ќе ја запознам во наредните неколку месеци. Моите цели во НК Кршко се да го давам максимумот на секој тренинг и натпревар. Заедно со тимските колеги целта е да оствариме добри резултати во шампионатот. Сите ми помогнаа добро да се аклиматизирам во тимот, веќе станавме вистински пријатели, затоа им се заблагодарувам", рече Ристовски во интервјуто за клупскиот сајт на Кршко.

Тој вели дека Кршко е добра комбинација на искусни и млади играчи. Со помошта од искусните, Кршко е одличен клуб за младите да се развиваат.

На подготвителните мечеви по еднаш стрелаше против Раднички Ниш (1:2), ХНК Горица (2:2) и Тузла Сити (7:1).

Најново во Фудбал