НА ТЕРЕНИТЕ ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ Е ПОДОБАР

НАВИВАЧИТЕ ГЛАСАА: Шкендија ќе биде елиминирана од Њу Сејнтс

Фановите на Њу Сејнтс го дадоа своето размислување и оптимистички гледаат кон претстојниот двомеч против македонскиот шампион.

објавено: 21 јуни 2018 - 12:30

Запрашани во анкетата дали Њу Сејнтс може да ја елиминира Шкендија, 55% од нив одговориле позитивно со „да", а 45% негативно, односно нивната екипа ќе го заврши настапот уште во стартната рунда.

Тетовскиот клуб својот прв натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против Њу Сејнтс ќе го игра на домашен терен на 10 или 11 јули, а реваншот е во Велс на 17. или 18 јули.

Победникот од тој двомеч во второто квалификациско коло на ЛШ ќе ги одмери силите против подобриот од дуелот Торпедо Кутаиси (Грузија) и Шериф Тираспол (Молдавија).

Најново во Фудбал