МАКЕДОНСКИОТ ФУТСАЛЕЦ ЗА „СПОРТМЕДИА“

Мицевски: Франција е фаворит, се надевам Хрватите ќе се радуваат на крајот!

Денеска од 17:00 часот во Москва ќе се игра големото финале на Светското првенство помеѓу репрезентациите на Хрватска и Франција.

објавено: 15 јули 2018 - 11:20

Секој има свој фаворит за освојување на титулата, едни сигурни, други во дилема, т.е. сведоци сме на различни мислења и прогнози.

Ексклузивно за нашиот веб портал „Спортмедиа" говореше за играчот на македонската футсал репрезентација, Адријан Мицевски кој досега на клупско ниво ги брани боите на хрватскиот футсал клуб МНК Сквер Дубровник (своевремено најдобар стрелец на клубот), а претходно беше дел и од КМФ Железарец, кипарската Омонија.

„Франција влегува како фаворит и играчки е поквалитетна екипа со голем број на ѕвезди во тимот, но Хрватска покажа неверојатна физичка и ментална зрелост и вредност на овој Мундијал".

Се игра еден натпревар и според нашиот футсалец една грешка може да го реши финалниот меч на стадионот „Лужњики".

„Според мене Хрватска го има најдобриот среден ред на ова СП. И ако бидат на ниво на кое играа до сега, се може да се очекува. Франција 12 години чекаше да влезе повторно во финале и не би сакале да го испуштат според нив веќе „освоеното" и толку посакувано прво место.

 

Од друга страна, пак ова за Хрватска е ретка шанса, може да се каже и најголем и најважен натпревар во нивната кариера. И со сигурност ќе изгинат на терен за својата татковина и нација...Се надевам дека „коцкестите" ќе се радуваат на крај!"

Најново во Фудбал