КАВАДАРЧАНИ СЕ ЗАСИЛУВААТ СО НАПАЃАЧОТ НА РАБОТНИЧКИ

Марио Станковски во нападот на Тиквеш!

„Мислам дека има големи шанси Станковски во пролетниот дел да биде нашиот адут во нападот", потенцира Љупчо Димитковски, тренерот на Тиквеш.

објавено: 19 јануари 2019 - 20:45

Марио Станковски, младиот напаѓач на Работнички, во пролетниот дел од сезоната во Втората Лига - Исток, по се изгледа дека ќе биде дел од кавадаречки Тиквеш.

„Мислам дека има големи шанси Марио Станковски, големиот талент на Работнички, во пролетниот дел од сезоната да биде наш адут во нападот. Со него добиваме во квалитет, останува само уште да се дефинираат некои работи", вели Љупчо Димитковски, стратегот на Тиквеш.

Нови имиња се Ристовски, Алиу, Најдов, Ташков...

Освен Станковски, Тиквеш досега во преодниот рок се засили со повеќе фудбалери.

„Успеавме да ги донесеме Петар Најдов и Марјан Ташков од Кит Го, потоа Донат Алиу од Шкендија, тука е и Марјан Ристовски, веројатно најдобриот фудбалер на Кожуф во есенскиот дел. Од клубот си заминаа Илиески, Бакрачески и Мишов. Според мое мислење Тиквеш ќе биде посилен од она што беше досега".

Најново во Фудбал