АЕК ЛАРНАКА Е МНОГУ БЛИСКУ ДО ПЛЕЈ-ОФОТ НА ЛИГА ЕВРОПА

МАКЕДОНЕЦОТ БЛЕСНА И ВО ГРАЦ: Тричковски го „гази“ и Штурм! (Видео)

Во 81. мин. од средбата дојде до прекин на дуелот во Австрија поради голем инцидент, откако беше погоден еден од помошниците на главниот судија со лименка пиво од трибините.

објавено: 9 август 2018 - 20:53

Во првиот натпревар од третото квалификациско коло на Лига Европа, АЕК Ларнака до тој момент против Штурм имаше одличен резултат 0:2 на стадионот во Грац.

Кипраните најпрвин поведоа во 46. мин. преку Трујолс, а во 74. мин. Гиану го пронајде македонскиот интернационалец Иван Тричковски кој повторно се запиша во листата на стрелците ова европско лето.

Нашиот играч беше еден од најзаслужните за елиминацијата на ирскиот Дандалк во минатото коло кога постигна два гола, а сега повторно може да биде еден од хероите на АЕК Ларнака кој е многу блиску до пласман во плеј-офот како последна пречка за влез во групите на Лига Европа.

Тоа што исто така радува и враќањето на Даниел Мојсов кој настапува во делот на одбраната на кипарската екипа. Во 60. мин. влезе во игра како замена за Јоану, а Тричковски непосредно пред да се случи прекинот, беше заменет од Томас (77. мин.)

Најново во Фудбал