ОТКАКО БРАНИТЕЛОТ НА ПЕХАРОТ ДЕНЕСКА ЈА МИНА ПРВАТА ПРЕЧКА

Утре во ФФМ ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Македонија

Ќе има седум осминафинални двојки, само една од сите 15 екипи ќе биде слободна и ќе се пласира директно во следната рунда. Првите мечеви се играат следната среда на 19 септември, реваншите се закажани по три недели.

објавено: 12 септември 2018 - 20:58

Утре во просториите на ФФМ, со почеток во 12 часот ќе се одржи ждрепката за осминафиналето во Купот на Македонија. Се чекаше исходот на денешниот последен меч од првата рунда меѓу Кожуф и Шкендија во кој бранителот беше подобар, за да се изврши ждребувањето за следната рунда.

Вкупно 15 екипи посакуваат да бидат онаа единствена која ќе биде слободна во осминафиналото и директно, без борба, ќе оди во следната 1/4 финална рунда.

Во осминафилналето, покрај Шкендија која денеска го победи Кожуф со 2:0, се и екипите на Работнички, Кит – Го, Вардар, Кораби, Беласица, Скопје, А. Пандев, Брегалница, Пелистер, Гостивар, Силекс, Тиквеш, Македонија ЃП и Победа.

Првите мечеви од осминафиналето се играат следната среда, на 19 септември, додека реваншите пак се закажани по три недели.

Најново во Фудбал