ПРИЛЕПЧАНИ ТРИУМФИРАА БЛАГОДАРЕНИЕ НА НВАБУЕЗЕ

Победа преку Струга во осминафиналето од Купот!

Прилепскиот состав слави пласман во осминафиналето од Купот на Македонија, откако ја совлада Струга со резултат 2:1 во одложен натпревар кој што се одигра денеска, една недела подоцна од другите мечеви од првото коло во новата сезона.

објавено: 29 август 2018 - 19:54

После првото полувреме водеше Струга со голот на Јорданчо Наумоски реализиран од пенал во 21. минута од средбата.

Потоа, стружани намалија на стартот од вториот дел, погодокот беше дело на Валентин Кочоски во 47. минута.

Решавачкиот момент се случи во 75. мин. кога триумф на прилепчани донесе американскиот интернационалец Киријан Нвабуезе.

На тој начин во осминафиналето Победа им се приклучи на Академија Пандев, Беласица, Брегалница, Гостивар, Кит-Го, Кораби, Македонија ЃП, Пелистер, Работнички, Силекс, Скопје, Тиквеш и Вардар.

Останува да се одигра уште еден меч, оној помеѓу Кожуф и Шкендија закажан за 5 септември, а потоа ќе биде одржана ждрепката за следната фаза од националниот Куп.

Најново во Фудбал