ВЕЧЕРВА СИТЕ ПОГЛЕДИ КОН СТРУМИЦА

„Младост“ ги чека финалистите и „Спорт“ на финалето

Струмица домаќин на уште едно финале од Купот на Македонија

објавено: 23 мај 2018 - 17:20

Дојде и денот кога се игра овогодинешното финале на Купот на Македонија. Тимовите во денешниот меч се исти, местото на одигрување не е различно од ланското, но сега Шкендија е огромен фаворит пред Пелистер, кој од лани до сега има сосема поинаков лик. Вечерва на стадионот во ложата и во новинарскиот дел, публиката ќе може да се „запознае“ со новиот весник „Спорт“ кој што промотивно излезе денеска. 

СТРУМИЦА ПОДГОТВЕНА ЗА СПЕКТАКЛ

Стадионот во Струмица е подговен за уште едно финале. По ланското и ова ќе се игра на „Младост". Лани не му донесе среќа на Шкендија во Купот, но му донесе во европските натпревари. И обратно. На Пелистер му донесе среќа во Купот, но не и во евро-куповите. Се очекува денеска околу 6-7 илјади гледачи на стадионот, две навивачки групи на двата тима и се разбира со надеж на фер и коректна атмосфера. „Младост“ ги чека финалистите и „Спорт“ на финалето. 

ПОИНАКОВ ПЕЛИСТЕР, ПОСИЛНА ШКЕНДИЈА

Ги нема веќе во Пелистер искусните играчи како Илијоски, Бојовиќ, Тошевски и останатите кои што храбро се бореа и се изборија за трофејот. Шкендија оваа сезона е крајно сериозна во намерата да дојде до трофејот од Купот во своите витрини, и за прв пат да се радува на двојната круна, после титулата која што ја подигна пред неколку дена. Оваа сезона за тетовци може да биде најуспешна во историјата. Имаат голема шанса за такво нешто. 

Пелистер, пак, како аутсајдер нема што да загуби во ова финале. Оди да го одбрани пехарот освоен лани, а се очекува така да биде и на теренот, односно битолчани да бидат подредени на одбраната. Меѓутоа како да се одбранат од таквиот напад на противникот кој што постигна неверојатни повеќе од 100 гола во сезоната? Во секој случај ќе биде интересно да се види. 

НАЈСЛАБАТА ОДБРАНА ПРОТИВ НАЈСИЛНИОТ НАПАД

Одбраната на Пелистер во штотуку завршената сезона беше најслаба, со дури 68 примени голови. Тоа е најмногу од сите други екипи, и тоа е главен проблем за битолчани кои што од идната сезона ќе бидат второлигаши. Од друга страна, пак, ќе играат со екипа која го има најдобриот напад, не само во оваа, туку во историјата на Првата лига со најголем процент на постигнати голови. Затоа би било невозможно да се каже дека битолчани денеска ќе успеат да ја сочуваат мрежата. 

Најново во Фудбал