ПОБЕДАТА ЗАВЕРЕНА ВО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

НЕ СЕ ОЧЕКУВАШЕ ДРУГО: Шкендија лесно со Кожуф за осминафинале

Шкендија очекувано се пласираше во осминафиналето во Купот на Македонија, откако го совлада Кожуф со 2-0.

објавено: 12 септември 2018 - 17:49

Бранителот на Куп-титулата очекувано го завери своето место во четвртфиналето. Шкендија без мака беше подобар противник од Кожуф совладувајќи го со 2-0.

Бесарт Ибраими во 13.минута донесе водство од 1-0, а само 15. минути подоцна Омар Имери зголеми на 2-0. Шкендија немаше поголеми проблеми во второто полувреме, рустински го приведе мечот.

Покрај Шкендија во осминафиналната фаза се пласираа: Кораб, Беласица, Скопје, Академија Пандев, Кит-Го Пехчево, Работнички, Брегалница, Вардар, Пелистер, Гостивар, Силекс, Тиквеш, Македонија ЃП и Победа. 

Најново во Фудбал