ТУРСКИОТ ТРЕНЕР ЌЕ ГО ВОДИ МАКЕДОНСКИОТ ПРВОЛИГАШ

Хајат Сојдаш е новиот тренер на Шкупи (ФОТО)

Турскиот тренер Хајат Сојдаш е новиот тренер на ФК Шкупи, како наследник на досегашниот стратег на македонскиот прволигаш, Зекирија Рамадан.

објавено: 29 август 2018 - 18:26

52-годишниот стратег беше асистент тренер на Анкарагучу, Генчлербирлиги, Газиантепспор, Денизлиспор, Манисаспор, Сиваспор, Адана Демирспор и Санлиуфаспор.

„Можам да кажам дека на последниот меч (пораз од Академија Пандев, 1:0) не одигравме толку лошо, иако загубивме на крајот. Имавме чисти шанси за реализација, во второто полувреме одигравме подобро. Знам дека клубот поминува низ тежок период на резултатски план оваа сезона, се менува тренер и тешко е да се мотивира тимот да го покаже својот квалитет во кој не се сомневам во ниту еден момент", рече Сојдаш.

Во меѓувреме беше главен тренер на екипите Б.Б. Анкараспор, Анкарагучу, Санлиуфаспор и Етимесгут Беледијеспор.

„Ќе се фокусираме на натпреварот кој е пред нас, кој е многу важен. Верувам дека фудбалерите ќе го дадат максимумот во следниот меч (дома против Шкендија, 2. септември, 16:15 ч.), како и во иднина и се надевам дека ќе биде добро за нас", додаде новиот стратег на ФК Шкупи.

Најново во Фудбал