ДЕНЕСКА СТАРТУВААТ НАТПРЕВАРИТЕ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Фудбалски празник во Пехчево

Амбициозниот второлигаш Кит го на своите сограѓани кои ги очекува во голем број на трибините, им овозможи да проследат за првпат официјален меч протви прволигаш со гостувањето на Шкупи, кој летово беше македонски претставник во квалификациите за Лига Европа. Во денешните 13 натпревари прволигашите и најдобропласираните второлигаши иако се гости, важат за фаворити.

објавено: 22 август 2018 - 11:45

На домашната фудбалска сцена стартува елиминаторната фаза од најмасовното натпреварување Купот на Македонија, каде трофејот го брани Шкендија. Во првата елиминаторна фаза од ова натпреварување 16-финалето ќе се одиграат 13. од 15. натпревари, во кои прволигашите актуелни и минатосезонски, како и најдобропласираните второлигаши како фаворити ќе гостуваат кај послаборангираните лигаши и претставници на Општинските фудбалски сојузи.Една од тие двојки е дуелот меѓу амбициозниот второлигаш Кит го од Пехчево и Шкупи од Скопје, кој летово беше македонски претставник во квалификациите од Лига Европа и играше со славниот шкотски тим Глазгов ренџерс. Сега тимот од Чаир ќе гостува во Пехчево, каде ќе биде инспирација за добра фудбалска претстава на дебитантот во второлигашкото друштво Кит го и нивните симапатизери. Ова ќе биде за првпат во Пехчево да гостува на официјален меч македонски прволигаш, па затоа домаќините очекуваат бројна поддршка од трибините.

ВО НОВАЦИ ЌЕ ЗАИГРААТ И ВЕТЕРАНИТЕ МИЦЕВСКИ И СТАВРЕВСКИ
Регионалниот претставник Поешево во Новаци ја пречекува штипска Брегалница. Овој натпревар го привлекува вниманието не затоа што нисколигашот може да ги изнеанди штипјани, туку затоа што за тимот на Поешево се регистрирани и сеуште играат некогашните македонски фудбалски репрезентативци, иако се во поодминати години Тони Мицевски (48) и Горан Ставревски (44).

1/16 ФИНАЛНИ ДВОЈКИ
ДЕНЕСКА
Дебар (17 ч): Кораби – Борец
Кичево (17 ч.):Влазерими – Беласица
Неготино (17 ч): Вардар Неготино – Скопје
Скопје (17 ч): Фортуна – Работнички
Струга (17 ч): Лабуништа – Академија Пандев
Пехчево (17 ч): Кит Го – Шкупи
Новаци (17): Поешево – Брегалница
Форино (17): Вардар Форино – Вардар Скопје
Кочани (17 ч): Осогово – Пелистер
Тетово (17 ч.): Тетекс – Гостивар
Кратово (17 ч): Братство Влазними – Силекс
Кавадарци (17 ч): Тиквеш – Ренова
Велес (17 ч): Превалец – Македонија ЃП

Најново во Фудбал