СЕ СРЕТНАА ФУДБАЛЕРИТЕ НА НЕКОГАШНИОТ ОСВОЈУВАЧ НА КУПОТ

Цементарница се потсети како беше пред 15 години (ФОТО)

Најуспешната генерација на Цементарница која го освои Купот, после една и пол деценија, повторно се сора заедно

објавено: 26 мај 2018 - 19:04

На денешен ден пред точно 15 години, во 2003 година во извонредна вечер на тогашниот „Градски“, во натпревар со многу голови, Цементарница преку пеналите дојде до титулата во Купот. Во еден од најдобрите натпревари и во најефикасно финале против Слога Ј. кое заврши 4:4, а потоа во пенал рулетот тимот од Кисела Вода дојде до пехарот. 

Генерацијата предводена од Вандаир, Савов, Блесинг, Глигоров, Димитровски, Христовски, Милевски, Стефановски, Кметовски, Наумов, Маркоски, Цветковски, Спасовски... успеа да се запише во историјата на овој тим. 

После 15 години некои и натаму се активни играчи (Глигоров), а некои од нив се во тренерските води. Во секој случај евоулираа убави спомени во таа незаборавна финална вечер во Купот. 

Најново во Фудбал