ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА НОРВЕЖАНИТЕ НА „ФИЛИП ВТОРИ“

Кулен: Ништо не е готово, играме против една многу добра Шкендија!

Денеска норвешкиот клуб одржа прес-конференција по повод утрешниот реванш натпревар од плеј-офот на Лига Европа против Шкендија.

објавено: 29 август 2018 - 19:31

Розенборг после првиот меч на домашен терен кој го доби со резултат 3:1 пред возвратниот дуел в четврток (20:15 ч.) во Скопје го почитува македонскиот шампион и смета дека патот кон влезот во групите на Лига Европа нема да биде лесен.

Тренерот на Розенборг, Рини Кулен:

„Играме против Шкендија која е многу добра екипа. Имаме резултат 3:1 и се надевам дека ваквата предност ќе ја одбраниме. Секако ништо не е готово, противникот има свој квалитет, тоа го почитуваме, наше ќе биде да се покажеме во уште подобро издание, да не им ја препуштиме играта на ривалите кои секако ќе настојуваат со сите сили да ја анулираат својата негатива“.

Стратегот на Норвежаните очекува неговите играчи и на овој дуел да го дадат максимумот и секако извлечат поволен резултат, со цел на крајот да се радуваат евентуално на пласманот во групната фаза на Лига Европа.

Фото: Петр Стојановски

„Противникот во првиот меч имаше свои добри моменти, со свои можности за реализација. Доста пропуштивме и ние, на крајот можеше да биде и 3:2", додаде Кулен.

Најново во Фудбал