НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО ГЕВГЕЛИЈА

Кожуф без проблеми со Плачковица

ФК Кожуф го одигра првиот тест натпревар против екипата на ФК Плачковица од Радовиш и забележа победа од 3-0 (0-0).

објавено: 18 јули 2018 - 22:21

Во првото полувреме Кожуф ја контролираше играта и се обидуваше да нападне, но освен поседот на топката, нападите беа неутрализирани од страна на ФК Плачковица.

Во второто полувреме Кожуф го засили притисокот кон противничкиот гол и се редеа шансите пред голот на Плачковица, прво Емир Скендери по една соло акција ја погоди пречката од голот на гостите.

Потоа, при една акција во која Зејринов во празно го проигра Скендери, а овој несебично го проигра капитенот Попов кој рутинирано го совлада гостинскиот голман.

Новајлијата Пеев се проби по левата страна и го проигра Ристовски кој стрелаше за 2-0, а при крајот на натпреварот Атанасов ја искористи конфузијата во одбраната на Плачковица и во манир на голем стрелец го лобуваше гостинскиот голман за поставување на конечниот епилог. (Извор: http://www.fckozuf.com)

Најново во Фудбал