ОЧАЈНИТЕ ДВА МЕЧА ПРОТИВ ПЈУНИК, ГИ НАЛУТИ НАВИВАЧИТЕ

„Комити“ скандираа против управата и бараат оставки

Вардар со вкупно 3:0 по двомечот против ерменскиот противник, уште на стартот ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на Европа

објавено: 19 јули 2018 - 21:07

Разочарување, негодување и погрдни збороби можеа да се слушнат од трибините на „Филип Втори Арената“ по завршување на дуелот Вардар - Пјуник. Најтрофејниот македонски првак беше фаворит, но загуби со 2:0 од ерменскиот ривал и на тој начин ги заврши настапите во Европа за оваа сезона. 

Вардар едноставно не знаеше како да даде гол за повеќе од три часа игра против екипата која на хартија беше аутсајдер. Сепак, на крајот 3:0 по 180 минути во корист на Пјуник. Гостите од Скопје си заминаа со високо кренати глави, а вардарци немо заминаа кон соблекувалната. 

По мечот, најверните фанови на Вардар, популарните „Комити“ со погрдни зборови кон управата на клубот, побараа оставки и одговорност за овие срамни два порази на Вардар од Пјуник. По првата средба во Ерменија, „жртва“ беше тренерот Бобан Бабунски, но се покажа дека ни со доаѓањето на Александар Васоски играта многу не се смени. 

Останува времето да покаже кој ќе биде кривецот за овој дебакл на Вардар и дали челниците на клубот се чувствуваат одговорни за неуспехот. 

 

 

Најново во Фудбал