ТРЕТ МЕЧ ПО РЕД ВО ПРВИТЕ 11

Коку му верува на Елмас: Стартер и против Фулам! (Фото)

Македонскиот репрезентативец ретко кога во серија мечеви добива шанса во стартните 11 во дресот на турскиот фудбалски гигант.

објавено: 18 јули 2018 - 17:39

Холандскиот тренер Филип Коку барем во пред-сезоната му верува на Елиф Елмас кој веќе трет натпревар по ред се наоѓа во стартниот состав на пријателските натпревари.

Претходно нашиот интернационалец стартуваше против Истанбулспор (1:1) и Лозана (1:2), а денеска од првата минута игра и против Фулам на чиј тест меч после 30. минути води Фенербахче со 1:0.

Најново во Фудбал