ПОФАЛБИ ОД СТРАТЕГОТ

КОКУ ИМПРЕСИОНИРАН: Елмас може да игра 120 минути!

Македонскиот репрезентативец го постигна првиот гол во дресот на Фенербахче...

објавено: 22 јули 2018 - 08:00

Елиф Елмас му донесе водство на турскиот гигант со еден прекрасен погодок во седмата минута во ремито против Феенорд (3:3).

Тоа што радува е секако низата натпревари кои ги започнува Елмас од првата минута како стартер и се повеќе ја има довербата од страна на тренерот Филип Коку.

„Фасцинира физичката кондиција на Елиф Елмас, тој може да игра 120. минути. Веќе ги знаеме неговите квалитети, сигурен сум дека тој ќе важен играч на Фенербахче, иако млад, може да придонесе на тактички план", рече Коку.

Најново во Фудбал