НАЈАВЕНИ ВКУПНО 1700 НАВИВАЧИ НА ГЛАЗГОВ ЗА ДУЕЛОТ СО ШКУПИ

Ќе има инвазија на шкотски навивачи во Скопје, можно е да има и хулигани

Првично беше дека 1.100 фанови ќе дојдат на реваншот, а најновите информации се дека дополнителни 600 симпатизери на шкотскиот гигант ќе бидат утре на „Филип Втори Арена“

објавено: 16 јули 2018 - 09:30

Глазгов Ренџерс утре во Скопје, ќе има поддршка од своите верни навивачи. Шкотскиот гигант ќе гостува на „Филип Втори Арената“ во реванш дуелот против Шкупи, во рамките од првото коло од квалификациите во Лигата на Европа. дуелот се игра со почеток во 17:55 часот.

Македонскиот тим има негатива од два гола, откако Ренџерс пред една недела на својот „Инброкс“ стадион победи со 2:0 против Шкупи. На тој меч домаќините имаа поддршка од 50.000 навивачи, со што уште еднаш се потврди дека се работи за едни од најверните фанови во Европа. 

Сега Шкотите ќе имаат поддршка и на реваншот во Скопје. Првично беше најавено дека 1.100 гостински навивачи ќе дојдат да го бодрат својот тим, но сега таа бројка е зголемена за плус 600 фанови. Тоа значи дека Глазгов ренџерс ќе има 1.700 свои навивачи на „Филип Втори Арената“.

Меѓу овие 1.700 најавени фанови, можно е да има и хулигани, што ја прави ситуацијата малку покомпликувана. Шкупи сигурно ќе има поддршка од своите верни навивачи, па освен на теренот, се очекува утре попладне да биде интересно и на трибините на „Филип Втори Арената“. 

 

Најново во Фудбал