МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН ГО НАЈАВИ ДВОМЕЧОТ ПРОТИВ НОРВЕЖАНИТЕ

ЌЕ БИДЕ ЛИ „ТРЕТА СРЕЌА“: Цените на билетите за мечот Шкендија-Розенборг!

Шкендија против Розенборг ќе играат во плеј-офот за влез во групите на Лига Европа во натпреварувачката сезона 2018/2019.

објавено: 17 август 2018 - 11:37

Избраниците на тренерот Ќатип Османи беа елиминирани во третото квалификациско коло на ЛШ од австрискиот Салцбург со два порази (0:1 дома, 0:3 гости), додека во третото квалификациско коло на ЛЕ, тимот на Розенборг двапати го совлада ирскиот Корк Сити (дома 3:0, гости 2:0).

Розенборг освоил 25 титули во шампионатот на Норвешка, 11 пати националниот Куп, и единствен во својата земја со најмногу натпревари одиграни во европските купови.

Играат во „Леркендал Стадионот" во Трондхајм, со капацитет од 21,400 места, додека нивни најпознат играч е Данецот, „Лорд" Никлас Бендтнер (поранешен играч на Арсенал и Јувентус).

Првиот меч Розенборг - Шкендија ќе се одигра во Норвешка на 23 август (20:45 часот), додека реваншот е на 30 август во Скопје на Националната Арена „Филип Втори“.

ФК Шкендија ги објави и цените на билетите кои се категоризирани врз основа на позициите на трибините. (300 денари за северна, 200 денари за јужна и 100 денари зад головите).

Ова е трета година по ред што ќе играат тетовските „црвено-црни" во плеј-офот на Лига Европа. Во сезоната 2016/2017 двапати загубија од белгискиот Гент (0:4 дома, 1:2 гости) и ланската 2017/2018 од италијанскиот Милан (0:1 дома, 0:6 гости).

Дали ова ќе биде „трета среќа" во обидот конечно да се испише историја и се биде вториот македонски клуб кој би учествувал во групна фаза на едно УЕФА натпреварување, после Вардар. Останува времето да покаже...

Најново во Фудбал