СОСЕМА НЕОЧЕКУВАНО

Јашаровски го напушти Чаир и потпиша за Приштина

Сега веќе екс напаѓачот на Шкупи направи трансфер во Косово

објавено: 15 јуни 2018 - 11:30

Ален Јашаровски не е веќе фудбалер на Шкупи. Сосема неочекувано, робусниот напаѓач си замина од Чаир и потпиша за Приштина, за еден од најпознатите клубови во Косово. Веднаш по потпишувањето следуваше и промоцијата на која Приштина се пофали со новиот фудбалер.

Ова значи дека Шкупи под итно мора да ангажира најмалку двајца квалитетни и искусни напаѓачи. Прв на таа листа е Серџио од Работнички, се споменуваше и Џејмс од Скендербег, но ќе видиме како на ова заминување на Јашаровски во Косово ќе реагира раководството на чаирчани.

Најново во Фудбал