НАСКОРО ЌЕ ЗАПОЧНЕ БОРБАТА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕЛИТАТА

Извлечени двојките од вторите лиги: Пелистер со Скопје, Кожуф на мегдан против Тиквеш!

Денеска напладне, во „Куќата на фудбалот" се случи извлекувањето на двојките во двете втори македонски лиги за натпреварувачката сезона 2018/19 

објавено: 8 август 2018 - 12:26

Пелистер кој има амбиции да се врати во елитата на стартот од Втората лига - Запад ќе гостува кај Скопје, токму овие екипи испаднаа лани од 1МФЛ.

Во Втората лига - Исток тимот на Брегалница од Штип е гостин на Вардар Неготино, а Тиквеш ќе го пречека Кожуф. Во продолжение погледнете ги сите парови од првото коло за новата сезона во второлигашките натпреварувања која ќе започне официјално на 18. август.

2МФЛ (сезона 2018/19)
1. коло, двојки (18. август)

Втора лига - Исток

Вардар Неготино - Брегалница
Кит-Го - Плачковица
Тиквеш - Кожуф
Детонит Јуниор - Борец
Каменица Саса - Партизан

Целиот распоред (2МФЛ - Исток) може да го видите на овој ЛИНК

Втора лига - Запад

Лабуништа - Влазрими 77
Кораб - Гостивар
Скопје - Пелистер
Генч Калемлер - Тетекс
Гоблен Јуниор - Струга

Целиот распоред (2МФЛ - Запад) може да го видите на овој ЛИНК

Форматот останува ист како минатата сезона. Победниците од двете лиги директно ќе обезбедат место во Првата лига, а второпласираните од двете лиги ќе играат во плеј-оф. Победникот од тој натпревар ќе се соочи со осмопласираниот од Првата лига во финалето на плеј-офот. Последнопласираните три екипи од двете лиги одат во понизок ранг.

Најново во Фудбал