МАКЕДОНСКОТО ЛЕТНО ЗАСИЛУВАЊЕ НА ХАЈДУК СПЛИТ

Ивановски фаќа европски ритам: Ја затресе мрежата на Ростов (Видео)

Минатиот месец нашиот интернационалец Мирко Ивановски беше промовиран како нов фудбалер на Хајдук...

објавено: 21 јули 2018 - 11:29

Тој во Сплит дојде од редовите на Славен Белупо и го имаше првиот настап за хрватскиот гигант.

Иако тоа беше последниот тест на Хајдук Сплит на подготовките во Словенија, тоа не го спречи нашиот напаѓач да се запише во листата на стрелците на дуелот против рускиот Ростов (4:0).

„Сакав да играм на тој меч со оглед на тоа што следната недела започнуваат за нас квалификациите за Лига Европа и првенството во Хрватска.

Сакам што побрзо да го фатам ритамот со останатите, ико сеуште чувствувам болки на реброто, но на последниот контролен меч помина се во најдобар ред и верувам дека ќе бидам спремен за почетокот на сезоната", рече Ивановски за клупскиот сајт.

Додаде дека против Ростов неговиот тим генерално играл добро, не му дозволиле премногу простор на противникот и било испочитувано сето кажано од страна на тренерот низ тренинзите.

Во рамките од второто квалификациско коло на Лига Европа, Хајдук Сплит ќе ги одмери силите против бугарската екипа на Славија Софија.

Најново во Фудбал