НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ГО СПАСИ АЛ РАЕД ОД ПОРАЗ (1-1)

„Златен“ корнер на Хасани за бод против шампионот Ал Хилал! (ВИДЕО)

Денеска во рамките од 16. коло од најсилното фудбалско првенство на Саудиска Арабија ремизираа екипите на Ал Хилал и Ал Рад (1:1).

објавено: 11 јануари 2019 - 19:00

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани го одигра целиот натпревар за Ал Раед кој во самиот финиш успеа да му „откине" бод на шампионот.

Клучните моменти се случуваа во судиското надополнување од второто полувреме, најпрвин водеа домаќините со голот Ал Шалхуб (90+2).

120 секунди подоцна гостите изведоа корнер преку кој дојдоа до реми, нашиот „Буба" прецизно го пронајде Абу Шарах (90+4) за поставување на конечниот епилог. На табелата и понатаму води Ал-Хилал со 37 бодови, а Ал-Раед е на деветтата позиција со 22.

Најново во Фудбал