ПОРАНЕШНИОТ ФУДБАЛЕР НА НАЦ БРЕДА ПРЕД ТРАНСФЕР

ЖЕЛЕЗНИЧАР ПРАВИ ТИМ ЗА ТИТУЛА: Македонски репрезентативец доаѓа во Сараево!

Во редовите на босанскиот великан ова лето би можел да пристигне централниот бек Александар Дамчевски.

објавено: 16 јуни 2018 - 15:19

Челниците на Железничар интензивно водат преговори со неколку фудбалери со цел што посилно да влезе во наредната сезона.

Освен нашиот дефанзивец, екипата планира да го доведе и досегашниот член на Борац од Бањалука, Младен Веселиновиќ кој настапува во средниот ред.

Повремениот 25-годишен репрезентативец Дамчевски претходно ги бранеше боите на Луцерн, Криенс, Черноморец Бургас, НАЦ Бреда, Атирау, Мезоковешд, а последен клуб му беше Ермис Арадипу од Кипар.

Најново во Фудбал