НА ЛИСТАТА СЕ НАОЃААТ УШТЕ ГРИЗМАН, ЕЛ ХАДАДИ...

Веднаш зад Меси: Барди двапати во Топ 10 слободни удари во „Ла Лига“ (Видео)

Македонскиот репрезентативец е вистински специјалист за изведување на слободни удари и тоа уште во првата сезона во дресот на Леванте.

објавено: 13 јуни 2018 - 11:11

Енис Барди без сомнение се очекува и наредната натпреварувачка сезона да биде страв и трепет за секој голман во најквалитетната шпанска лига.

Нашиот играч од 26 одиграни натпревари постигна девет голови и најголемиот дел од нив беа реализирани од слободен удар.

А таквите ремек дела не поминаа незабелижливо и од страна на официјалниот Јутјуб канал на „Ла Лига" кој ги објави најдобрите 10 голови постигнати од слободен удар за изминатата сезона 2017/2018.

Барди на оваа Топ 10 листа го има двапати, на седмото место и погодокот против Реал Сосиедад, и на втората позиција против Депортиво Ла Коруња, веднаш зад првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси.

Најново во Фудбал