ЛЕВИОТ БЕК ПРЕД ТРАНСФЕР ВО СЛОВАЧКА

УРДИНОВ пробува во Ружомберок

Левиот бек цела недела беше на тестови со екипата и одигра два пријателски натпревари. Едниот против Пардубице а вториот против Сигна Оломуц на кои Урдинов одигра по 90 минути.

објавено: 6 јули 2018 - 11:00

Тимот на Ружомберок деновиве одлучува дали за наредната сезона во својата средина ќе го ангажира Јани Урдинов од Македонија. Левиот бек цела недела беше на тестови со екипата и одигра два пријателски натпревари. Едниот против Пардубице а вториот против Сигна Оломуц на кои Урдинов одигра по 90 минути.

Урдинов е поранешен репрезентативец на Македонија и фудбалер кој своите почетоци како младинец ги имаше во ПСВ Ајндховен. Тој лани настапуваше за екипата на Зира од Азербејџан. Тој е под договор со тимот на Бохемианс од Чешка и доколку не се договори со Ружомберок ќе треба да се врати во екипата од Прага.
За Ружомберок настапува и нашиот младински репрезентативец Тихо Костадинов.

Најново во Фудбал