ОСТАНУВА ВО ЦРНОГОРСКИОТ ФУДБАЛ

Треневски на кормилото на Ком

По само неколку месеци без ангажман, Виктор Треневски постигна договор со црногорскиот второлигаш Ком од Златице.

објавено: 18 октомври 2018 - 16:22

По само неколку месеци без ангажман, Виктор Треневски постигна договор со црногорскиот второлигаш Ком од Златице.

Тој ќе биде третиот тренер на Кома во оваа сезона. Треневски минатата сезона беше дел од Дечич. Тој веќе го одработи првиот тренинг со екипата. Треневски ќе дебитира во недела на гости со Отрант.
Минатата сезона овој тим играше бараж за пласман во Првата лига, но не успеа да го добие.

Најново во Фудбал