НОВО ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ

„Трансфермаркт“: Крсте Велкоски меѓу најдобрите напаѓачи во БиХ!

Капитенот на лидерот на табелата во најсилниот фудбалски шампионат на Босна и Херцеговина, нашиот фудбалер досега има одлична сезона со шест постигнати голови во дресот на Сараево.

објавено: 23 октомври 2018 - 09:30

Има вкупно 12 натпревари во првенството на БиХ, Крсте Велкоски на терените поминал вкупно 1033 минути што значи дека просечно постигнува гол на секои 172 минути.

Сараево после 14 одиграни кола е убедливо најефикасниот (гол разлика 33:9) тим во шампионатот и јасно е дека на листата се наоѓаат најголемиот број на фудбалери токму од овој клуб (податоците околу минутажата се преземени од порталот „Трансфермаркт").

-Крсте Велкоски (Сараево) 6 голови, 1033 минути, 12 натпревари, просечно гол на секои 172 минути
-Мерсудим Ахметовиќ (Сараево) 6 голови, 958 минути, 13 натпревари, просечно на 160 минути
-Немања Билбија (Зрињски 9 голови, 1156 минути, 13 натпревари, просечно на 128 минути

-Сулејман Крпиќ (Железничар) 10 голови, 1245 минути, 14 натпревари, просечно на 125 минути
-Бенјамин Татар (Сараево) 7 голови, 855 минути, 12 натпревари, просечно на 122 минути
-Елвир Колјиќ (Крупа) 7 голови, 7 натпревари, 598 минути, просечно на 75

-Харис Ханџиќ (Сараево) 4 голови, 11 натпревари, 297 минути, просечно на секои 74 минути

Најново во Фудбал