МАКЕДОНСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ПОСЛЕ ЕЛИМИНАЦИЈАТА НА ПАЛЕРМО

Трајковски: Штета поради Купот, се надевам на добри резултати во Серија Б!

Палермо загуби во третото коло од италијанскиот куп од Каљари со 2:1 и како во минатата сезона рано го завршува настапот во ова натпреварување.

објавено: 14 август 2018 - 17:45

Палермо загуби во третото коло од италијанскиот куп од Каљари со 2:1 и како во минатата сезона рано го завршува настапот во ова натпреварување.

Стрелец на единствениот гол за тимот од „Ренцо Барбера" беше нашиот репрезентативец Илија Несторовски, а веќе извесно време се шпекулира за негово заминување од клубот и се почесто се поврзува овие денови со трансфер во Удинезе кој пак настапува во Серија А.

Од друга страна вториот Македонец во Палермо, Александар Трајковски кој исто така се помири со елиминацијата од Купот, веќе се насочува кон настапите во Серија Б.

„Дадовме се од нашите можности на дуелот против Каљари, навистина штета што испаднавме, сега мораме да се фокусираме на настапите од Серија Б, мораме да гледаме напред. Имавме шанси, не бевме среќни во некои моменти кога требаше да реализираме, но севкупно одигравме еден добар натпревар. Ако продолжиме така, мислам дека можеме да се надеваме на добри резултати во шампионатот. Лично, посакувам и јас да помогнам на тој пат. Се чувствувам добро на мојата позиција, секако можам да придонесам и на останатите делови од теренот", рече Трајковски.

25-годишниот напаѓач Трајковски има договор со Палермо до 30. јуни 2020. година, досега има вкупно 74. натпревари и осум голови. Во првото коло од новата сезона во Серија Б, составот на Палермо ќе се сретне против Салернитана на гостински терен (25/26 август).

Најново во Фудбал