МАКЕДОНСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАВЦИ АКТИВНИ НА „РЕНЦО БАРБЕРА“

Трајковски асистент, се „разбуди“ и Несторовски, Палермо води 2:0! (ВИДЕО)

После првото полувреме на стадионот „Ренцо Барбера" води тимот на Палермо против Перуџа со резултат 2:0 во рамките од четвртото коло во италијанската Серија Б.

објавено: 22 септември 2018 - 15:50

За четири минути успеаја домашните фудбалери да ги постигнат двата погодоци во кои што учествуваа македонските репрезентативци.

Најпрвин во 14. минута Александар Трајковски асистираше до Белуши за почетно водство, а во 18-та Илија Несторовски се погрижи за зголемување на позитивата по додавањето на Алесами, негов прв погодок сезонава во шампионатот во четвртиот настап.

Ова е добра најава за избраниците на тренерот Тедино да ја продолжат серијата без пораз и дојдат на крајот од мечот до вториот триумф сезонава.

Најново во Фудбал