ПОВРЕМЕНИОТ МЛАДИНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ СЕ ПРЕСЕЛИ ВО БУГАРИЈА

Страхиња Крстевски со потпис за Локо Софија

Повремениот Македонски младински репрезентативец, кој забележа настапи своевремено за нашата У17 репрезентација се пресели во Бугарскиот шампионат, откако претходно настапуваше за тимот на Пролетер.

објавено: 11 септември 2018 - 12:37

Страхиња Крстевски својата млада и перспективна кариера ќе ја продолжи во тимот на Локомотив Софија. Повремениот Македонски младински репрезентативец, кој забележа настапи своевремено за нашата У17 репрезентација се пресели во Бугарскиот шампионат, откако претходно настапуваше за тимот на Пролетер. Сепак, повторно се реши да заигра на интернационално ниво и овојпат да си ја проба среќата во шампионатот на Бугарија.

Тој е инаку дете на Војводина, роден е во Нови Сад и своевремено беше сметан за еден од најперспективните млади фудбалери на овој тим. Навреме беше скаутиран и ангажиран да настапува за Македонската репрезентација до 17. години, а потоа како неговата кариера стагнираше така и се проретчија повиците за нашиот навионален состав. Тој едно време замина да настапува на Далечниот исток но не извади потребна документација, па потоа се врати во Србија и настапуваше за нисколигашот Ковиљ.

Најново во Фудбал