Македонскиот интернационалец со нов клуб

Стефан Ашковски две години во Славија Софија (ФОТО)

објавено: 10 септември 2018 - 18:58

Македонскиот интернационалец Стефан Ашковски во следните две години ќе го носи дресот на бугарскиот прволигаш Славија Софија. Откако минатата сезона ја помина на позајмица во Полска во екипата на Горник Лечна, Ашкоцвски беше во потрага по нов клуб, завршувајќи ја соработката со холандска Фортуна Ситард.

„Задоволен сум од трансферот. Славија Софија е клуб кој е амбициозен и мислам дека тука уште повеќе ќе можам да напредувам во кариерата", изјави 26-годишниот Ашковски.

Славија во тековната сезона од бугарската Прва лига се наоѓа на 8. место со скор од две победи, три ремија и два порази.

Најново во Фудбал