НАШИОТ ИГРАЧ ВЕЧЕРВА ПРОТИВ БЕШИКТАШ ВО „СПАСУВАЧКА“ МИСИЈА!

Среќен роденден мајсторе, и уште многу голови со Фенербахче! (ФОТО)

Лани славеше полнолетство со соиграчите од Фенербахче, денеска Елиф Елмас го прославува својот 19. роденден.

објавено: 24 септември 2018 - 10:52

Македонскиот репрезентативец се повеќе го привлекува вниманието со добрите игри во Фенербахче кој исто така му го прослави роденденот.

Стандарден е кај холандскиот тренер Филип Коку кој пак од друга страна се соочува со можен отказ поради лошите резултати оваа сезона.

Но, атмосферата и размислувањата може да бидат променети за кратко време ако евентуално Фенер триумфира вечерва во дербито на Турција од 20:00 часот во Истанбул.

А уште подобро доколку Елмас токму на денешниот славенички ден го стори тоа со победнички гол како што тоа го направи минатото коло со Коњаспор.

Најново во Фудбал