ГО РЕАЛИЗИРА СВОЈОТ СОН, ДА ЗАИГРА ВО ГОЛЕМ КЛУБ

СПЛИТСКА ПРОМОЦИЈА: Мирко Ивановски е нов играч на Хајдук

Македонскиот репрезентативец и официјално е промовиран во нов играч на хрватскиот фудбалски великан...

објавено: 16 јуни 2018 - 10:40

Овој 28.годишен фудбалер во наредниот период ќе го носи белиот дрес со бројот 8.


Во Сплит доаѓа како некогашен фудбалер на Славен Белупо, со кого во две сезони запиша вкупно 66 настапи во кои реализираше 27. гола, а имаше и шест асистенции.
Во минатата сезона беше трет стрелец на лигата со вкупно 15 реализирани погодоци.
Ивановски, кој кариерата ја стартуваше во битолски Пелистер, во минатото настапуваше и за екипите на Македонија од Ѓорче Петров, а потоа следува интернационална кариера во тимови како Арка од Гдиња, романските Астра и Клуж, унгарскиот Видеотон турскиот Бoлуспор од каде и дојде во Хрватска.
Секако, не треба да се заборават и оние 27 настапи за А репрезентацијата на Македонија.

„Не се опишува со зборови чувството кога ќе потпишеш за клуб како Хајдук. Пресреќен сум што ќе го носам овој дрес. И едвај чекам да тргнат натпреварите како би дал се од себе, и да покажам дека сум ја заслужил довербата која ми е укажана. Знам дека во Хајдук очекувањата се секогаш големи. Но и моите се исто така високи. Затоа и се надевам дека сите заедно во следната сезона ќе направиме добри работи"- кажа новиот напаѓач на „белите“ при потписот на договорот со славниот хрватски клуб.

Најново во Фудбал