Нашите репрезентативци во елемент

Спировски и Николов „пукаат“ на македонското дерби (ВИДЕО)

И Спировски и Николов стрелци за своите екипи

објавено: 2 септември 2018 - 19:05

„Македонското дерби" во унгарското првенство меѓу екипите на Ференцварош и Видеотон понуди извонредно прво полувреме во кое и двајцата наши репрезентативци Стефан Спировски и Бобан Николов се запишаа во листата на стрелци. 

Спировски погоди во 14. минута за водство на Ференцварош од 1:0. Домашните потоа преку Ловренчич во 35. минута зголемија и на 2:0, по што во финишот на првиот дел следуваше погодокот на Бобан Николов со кој Видеотон се врати во игра на дербито за 2:1.

Најново во Фудбал