ТРЕНЕРОТ И ЛЕТОНСКИОТ КЛУБ РАСКИНАА

Седлоски не е повеќе тренер на Рига!

Клубот официјално објави дека е прекината соработката со првиот тренер и неговиот помошник Александар Влахо

објавено: 27 мај 2018 - 11:09

Фудбалскиот клуб Рига на својата официјална интернет страница објави дека ја прекинува соработката со првиот тренер Гоце Седлоски, и со неговиот помошник Александар Влахо. 

„Четири победи од десет натпревари не се почеток на сезоната каков што очекувавме и посакувавме. Не криеме дека оваа сезона посакувавме титула, а во моментов заостануваме многу од првото место. После последниот пораз направивме длабока анализа и ние како раководство донесовме таква одлука“, пишува во објаснувањето на фудбалскиот клуб Рига на официјалната интернет страница. 

Седлоски на почетокот на сезоната ја превзеде клупата на Рига, заедно со Александар Влахо со кого работеа во Вардар, и освоија две шампионски титули. Како спортски директор на клубот, Седлоски освои уште една титула шампион на Македонија. Кормилото на најтрофејниот македонски клуб го напушти во август минатата година, после поразот од Шкендија во првото коло од Првата лига. 

 

Најново во Фудбал