НОВ ТРИУМФ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СТРАТЕГ

Седлоски го воскресна Широки

Гоце Седлоски ја оствари втората победа на „комрилото“ на Широки Брег, кој на домашен терен беше подобар од Звијзда со 2-0. 

објавено: 23 септември 2018 - 21:25

На Гоце Седлоски одлично му тргна со Широки Брег. По сензационалниот триумф над Железничар во 1/16 финалето на босанскиот Куп, вечерва македонскиот стратег ја запиша втората победа.

Неговиот тим на домашен терен славеше на дуелот со Звијезда со 2-0, и речиси по четири кола се радуваше на победа. По нерешените 0-0 на полувремето, Седлоски го проби „бункерот“ на противникот дури во 75. минута, Квесиќ погоди за 1-0. Конечните 2-0 ги постави Тојчиќ во 84. минута. 

По 10. коло, Широки е на четвртото место на табелата со скор од четири победи, пет нерешени меча и еден пораз.

 

Најново во Фудбал