НОВИОТ ЧЛЕН НА УЈПЕШТ ЗА „СПОРТ“

Ристевски: Чекањето се исплатеше

„Задоволен сум, потпишав на три години. Многу добро знам дека доаѓам. Ујпешт ги има најдобрите фанови во Унгарија", ни изјави Кире Ристевски кој вчера го одработи и првиот тренинг.

објавено: 20 септември 2018 - 19:30

Кире Ристевски и официјално е нов член на Ујпешт Дожа. Тој го смени клубот, од Вашаш во Ујпешт, но не и земјата. По долго чекање, речиси цело лето, Ристевски конечно ја прифати понудата на еден од најпознатите клубови во Унгарија.

„Чекањето се исплатеше, она што го барав, имав среќа од Ујпешт и да го добијам" потенцираше Ристевски. Инаку тој вчера го одработи и првиот тренинг со своите нови колеги.

ИМАВ МНОГУ ПОНУДИ

„Искрено имав многу понуди, но никоја според она што јас го сакам, според моите желби. Во тие понуди се нешто недостигаше. Кога дојде време да преговарам со Ујпешт знаев дека тоа е тоа вистинското. Потпишав на три години и не кријам дека сум среќен и задоволен од условите. Се надевам на добри игри и на добри резултати со мојот нов клуб", вели за „Спорт", Кире Ристевски.

УЈПЕШТ ИМА НАЈДОБРИ ФАНОВИ

„Многу добро знам каде доаѓам. Како фудбалер на Вашаш во повеќе наврати сим играл прортив Ујпешт и секогаш сум имал позитивно мислење за оваа екипа. Посебно ако се знае Ујпешт ги најдобрите фанови во цела Унгарија. Сега ми преостанува само да се наметнам кај стручниот штаб и да ги оправдам очекувањата", заврши дефанзивецот на нашата репрезентација.

Најново во Фудбал