НАСТАПИ НА ДВАЈЦАТА МАКЕДОНСКИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ

Првенец за Јаховиќ во Турција, прекрасен гол на Хусмани! (ВИДЕО)

Коњаспор во третото коло од турската Суперлига дома ремизираше 1:1 со Бурсаспор, а Домжале во петтата рунда од словенечката Прва лига загуби дома од Олимпија Љубљана.

објавено: 27 август 2018 - 11:00

Коњаспор во третото коло од турската Суперлига дома ремизираше 1:1 со Бурсаспор, а Домжале во петтата рунда од словенечката Прва лига загуби дома од Олимпија Љубљана.

Прв гол за Адис Јаховиќ сезонава во дресот на Коњаспор, уште во втората минута ја затресе мрежата на Бурсаспор во чии редови на клупата за резервни играчи остана Јани Атанасов. Израмнија гостите од пенал во 33. мин. преку Кара.

На табелата после три кола Коњаспор останува непоразен, има пет бода на шестата позиција, четири помалку зад лидерот Касимпаша.

ГОЛОТ НА АДИС ЈАХОВИЌ:

Својот првенец сезонава за Домжале го имаше Зени Хусмани кој го одигра целиот меч во третиот првенствен пораз, додека Агим Ибраими настапи до 72. мин. кога беше заменет од Николсон.

Гостите своите голови ги постигнаа во текот на првото полувреме, а Хусмани после асистенцијата на Мелњак само го ублажи поразот на домаќините (90+1). Во составот на Олимпија Љубљана не се наоѓаше Даниел Аврамовски.

На табелата води Марибор со 14 бодови, а на делба на втората позиција се Домжале и Алуминиј со по девет.

ГОЛОТ НА ЗЕНИ ХУСМАНИ (02:41 МИН., ВИДЕО):

Најново во Фудбал