УШТЕ НА СТАРТОТ ОД СЕЗОНАТА БЛЕСКА НАШИОТ ФУДБАЛЕР

Погледнете го хет-трикот на Чурлинов во Бундеслигата! (ВИДЕО)

И во третиот натпревар од новата сезона во јуниорската Бундеслига - Запад за играчи до 19. години триумфираше составот на Келн.

објавено: 20 август 2018 - 21:15

На домашен терен тимот ја оправда фаворитската улога совладувајќи го Оберхаузен со конечен резултат 4:0, на полувремето беше 2:0.

Најзаслужен за новиот триумф оваа сезона беше македонскиот У19 Дарко Чурлинов кој ги постигна првите три гола, односно забележа хет-трик.

На видео записот можете да ги погледнете неговите три погодоци:

Најново во Фудбал