СОНОТ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НЕ СЕ ОСТВАРИ

По поразот, се огласи Аријан Адеми

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми и Динамо Загреб не успеаја да се најдат во групната фаза во Лигата на шампионите. Дуелот со Јанг Бојс го загубија за две минути. 

објавено: 29 август 2018 - 09:00

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми и Динамо Загреб не успеаја да се најдат во групната фаза во Лигата на шампионите. Дуелот со Јанг Бојс го загубија за две минути. По водството од 1-0 во седмата минута, хрватскиот тим во 64. и 66. минута прими два гола за крајот на сонот.

Динамо, но и македонската репрезентација на овој меч имаа двојна загуба, се повреди Адеми. Капитенот на „модрите“ во 30. минута го напушти теренот поради повреда на задната ложа, која го мачи одамна. Ова значи дека тој нема да му биде на располагање на селекторот, Игор Ангеловски за Гибралтар и Ерменија во рамките на Лигата на Нации.

„Разочарувањето е нормално...Наша цел беше Европа, а ова беше наш сон, но останува жалењето што не влеговме во Лигата на шампиони. Имавме три чисти зицери, тие ништо не сторија, не беа подобри од нас, не можам да се помирам дека поминаа. Апелиравме до фановите да дојдат и овој пат сите беа на стадуон, жал ми е што не ги усреќивме. Секоја чест што останаа и по мечот да не поздрават“, рече Адеми.

 

Најново во Фудбал