ПО ЗАСЛУГА НА ОДЛИЧНИТЕ ИГРИ ВО ФЕНЕРБАХЧЕ

Петпати порасна цената на „дијамантот“ Елмас

Пред само 4-5 месеци Елиф Елмас според „Трансфермаркт" вредеше само 500.000 евра, сега вреди дури 2.500.000.

објавено: 8 ноември 2018 - 14:30

Кога се игра добро, кога на мега - дерби средбите добиваш најголеми оценки, тогаш јасно е дека си во центарот на вниманието и јасно е дека твојата цена на фудбалскиот пазар драматично расте. Тоа се однесува на Елиф Елмас, нашиот репрезентативец и член на Фенербахче. Кога сме кај вредноста вчера медиумите во Турција се занимаваа со причините зошто пазарната цена на Елмас за само 3-4 месеци пораснала дури петпати. Имено некаде во јуни - јули според „Трансфермаркт" Елмас вредел само 500.000 евра, а сега цената на „дијамантот" е 2.500.000 евра.

СИТИ И ТОТЕНХЕМ НАЈМНОГУ „ГРИЗАТ" ПО „ДИЈАМАНТОТ"

Повеќе од јасно е дека ако не во јануари тогаш во јуни - јули следното лето, Елиф Елмас ќе прави трансфер и тоа во голем клуб, во еден од европските гиганти. Нема ден а да не се пишува за него и за тоа каде би можел да замине. Во преден план и натаму се Манчестер Сити и Тотенхем. Иако има уште неколку клубови кои силно „гризат" за Елмас.

Најново во Фудбал