НЕ ГО САКААТ ПОВЕЌЕ МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛЕР НА „ИЛАНД РОУД“!?

Новогодишниот план на Лидс ќе биде „проблем“ за Алиоски!

Како што шпекулираат британските медиуми, Езгјан Алиоски би можел да биде помалку во плановите во клубот уште од наредниот зимски преоден рок од страна на Лидс Јунајтед.

објавено: 22 октомври 2018 - 22:05

Најмногу од сето тоа би профитирал веројатно Кемар Руф (играч за врска во нападот), бидејќи клубот има намера да направи „реконструкција" особено во офанзивниот дел.

Се тврди дека менаџерот на Лидс Јунајтед, Марсело Биелса сака засилувања на три позиции во следниот преоден рок. Значи во потрага по нов напаѓач, централен бек и на позицијата лево крило каде што Алиоски ги започнуваше сите 13 натпревари од Чемпионшип за клубот оваа сезона.

Македонскиот репрезентативец ги завршуваше скоро сите споменати мечеви, вклучувајќи го и поразот од 2:1 во саботата од Блекбурн Роверс, каде што беше вратен како лев бек додека неговите соиграчи бркаа израмнување на крајот.

Алиоски добро ја започна сезоната, но учинокот од три гола и три асистенции е чесен не го прави голем напаѓач.

Дури и неговите најголеми фанови ќе признаат дека настапите на 26-годишниот Алиоски во изминатите шест недели се далеку под ниво, и не се доволно добри за играч чија главна улога е да создава шанси за гол, да ја комбинира играта.

Недоволно моќен во своите соло акции да обезбеди простор било забележано во последните неколку натпревари, а и од Лидс се чини дека го признаваат ова, а да не зборуваме и од фактот што навивачите му забележуваат дека премногу се наоѓа во офсајд позиција.

Биелса е лојален и доследен до сега, но би можел да го користи јануарскиот период за зајакнување на позициите на тимот каде што се покажуваат слабости ако сака тимот од „Иланд Роуд" по подолго време повторно биде дел од Премиерлигата.

Моментно во Чемпионшип после 13. кола тимот на Биелса е на четвртото место со 23 бодови, два помалку зад лидерот Мидлзбро. Да додадеме уште дека Алиоски има важечки договор со Лидс со 30 јуни 2021. година.

Најново во Фудбал