НА МАКЕДОНЕЦОТ ЌЕ БИДЕ КРЕНАТА ОТШТЕТНАТА КЛАУЗУЛА

Новиот договор на Барди со Леванте ја радува Севиља!

Како што е веќе најавено клубот од Валенсија ќе ја искористи опцијата за продолжување на договорот со македонскиот репрезентативец до 2022. година и така ќе биде крената неговата отштетна клаузула на 50 милиони евра.

објавено: 15 октомври 2018 - 13:00

На тој начин Леванте ќе ја откаже, односно дистанцира конкуренцијата на заинтересирани за 23-годишниот Енис Барди кој мометно е со нашата најдобра репрезентација и новите настапи во УЕФА Лигата на нации.

Барди има важечки договор до 30. јуни 2020. година, а како што потврди и спортскиот директор Тоти, новиот потпис се очекува да се случи наскоро. Повеќе прочитајте ТУКА

Ситуацијата со нашиот играч ја следел и тимот на Севиља која практично се радува на ваквата вест за продолжување на договорот на Барди, со цел да застане во трка за уште еден лидер во Леванте, станува збор за Хозе Луис Моралес.

Се очекува во блиска иднина Македонецот да биде главниот лидер на Леванте кој пак планира од друга страна да го продаде Моралес и оваа шанса не сака да ја пропушти Севиља која од друга страна се очекува да се раздели со Евер Банега кој се поврзува со трансфер во Арсенал.

Најново во Фудбал