ПОРТУГАЛЦИТЕ ПОСАКУВААТ ДА ГО ОСВЕЖАТ НАПАДОТ

НОВ МАКЕДОНЕЦ МЕЃУ „ЛАВОВИТЕ“: Спортинг Лисабон во трката за Несторовски!

Како што пренесува „Калчомеркато", португалскиот клуб е во потрага по централен дефанзивец да го засили својот состав.

објавено: 25 август 2018 - 21:49

Спортинг Лисабон во чии редови веќе настапува еден македонски интернационалец, Стефан Ристовски, посакува уште еден наш репрезентативец.

Овие денови како што наведува изворот, популарните „лавови" од Лисабон ја следат ситуацијата со играчот на Палермо, Илија Несторовски и околу неговата цена.

Заврши преодниот рок во Англија и Италија, се поврзуваше досега со Евертон и Удинезе, а со оглед на тоа што летниот преоден рок во Португалија завршува дури на 21. септември, можно е Несторовски да си замине наскоро од италијанскиот клуб.

Да додадеме уште дека Палермо новата сезона во Серија Б ја започна со реми на гостувањето кај Салернитана (0:0).

Несторовски го одигра целиот меч, а за Александар Трајковски не помогна ниту мотивирачката „десетка" на неговиот дрес со цел да се крене неговата самодоверба во намерата да постигнува што повеќе голови.

Исто така и Спортинг имаше свој првенствен меч во Португалија, поточно ремизираше на гостувањето кај Бенфика (1:1) во третото коло каде што Ристовски го одигра целиот меч и доби жолт картон во 23. минута од средбата на „Да Луж“.

Најново во Фудбал