РЕШЕНО Е УНГАРСКОТО ПРВЕНСТВО

Николов со гол „запечати“ титула за Видеотон, и ја испрати Шкендија во аутсајдери

Николов го постигна вториот гол во победата на неговиот тим над Хонвед, и ја потврди шампионската титула во Унгарија, воедно го испрати македонскиот првак во групата на аутсајдери во квалификациите за ЛШ

објавено: 27 мај 2018 - 21:29

Бобан Николов го постигна вториот гол во дуелот со Хонвед во победата од 2:0 на Видеотон, со кој неговиот тим ја освои титулата во Унгарија. Иако има уште едно коло до крајот, Видеотон и Ференцарош можат да бидат израмнети, но јасно е кој е првак, поради тоа што Видеотон има повеќе победи од својот директен конкурент. 

Со шампионската титула Видеотон влегува во групата на носители во ЛШ, а Шкендија, пак, во групата на аутсајдери, и ќе биде прв во таа група. 

Претходно Ференцварош на Спировски го совлада Диосѓер, но тоа беше пирова победа на вториот македонски интернационалец. 

Најново во Фудбал