ГРЧКИТЕ ТИМОВИ КАКО СУДБИНА ЗА РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ

Николов: ПАОК за мене е повеќе од фудбалски меч, ќе ја претставувам Македонија, затоа мораме да го освоиме Солун

Бобан Николов и неговиот Видеотон се најдоа во последната група Л во Лига Европа, заедно со Челзи, ПАОК и БАТЕ.

објавено: 31 август 2018 - 17:40

Бобан Николов е еден од неколкумината македонските претставници во Лига Европа. Македонскиот репрезентативец и неговиот Видеотон не успеаја да се пласираат во ЛШ, на патот им застана АЕК, а се чини грчките тимови им се како судбина.

И во групната фаза Николов доби еден противник од нашиот јужен сосед. Станува збор за ПАОК, а репрезентативецот и овој пат со посебни емоции говореше за средбата со грчкиот тим. 

„Дуелот со ПАОК за мене ќе биде повеќе од фудбалки меч, против нив не само што ќе го претставувам мојот тим, туку и мојата земја. Затоа во Солун очекувам да оствариме победа“, рече Николов.

Видеотон е во групата Л, заедно со Челзи и БАТЕ.

„За Челзи не треба многу да се зборува. Нашата цел е да оствариме добри резултати, сакаме да продолжиме да ја градиме историјата на тимот, одлично е да си дел од тоа“, додаде репрезентативецот.

Најново во Фудбал