ЧЕТВРТО КОЛО ВО ЛИГА ЕВРОПА

Николов го чека грчкиот ПАОК

Вечерва Бобан Николов со својот МОЛ Види на свој терен го дочекува тимот од Солун во рамките на 4. коло од групната фаза во Лигата на Европа.

објавено: 8 ноември 2018 - 15:00

Вечерва се играат натпреварите од 4. коло во групната фаза во Лигата на Европа. Неколкумина наши интернационалци се очекува да настапат за своите екипи. Во преден план, од познати причини, ќе биде дуелот меѓу МОЛ Види, тимот на нашиот репрезентативец Бобан Николов и Паок од Солун. Мечот меѓу Арсенал и Спортинг Лисабон ќе мине без нашите Дени Илиев и Стефан Ристовски. Голманот сеуште не е во плановите на Унаи Емери за првиот состав на „топчиите" а десниот бек на тимот од Лисабон е повреден. Елиф Елмас со својот Фенербахче го дочекува Андерлехт, сите ние очекуваме уште една добра партија на „дијамантот". Додека Иван Тричковски и Даниел Мојсов со АЕК Ларнака му гостуваат на Лудогорец.

АДЕМИ И ДИНАМО ЗА ИСТОРИЈА

Аријан Адеми и Динамо Загреб се пред историја. Во случај „модрите" со својот капитен Адеми да слават над Трнава, тогаш за прв пат по долги, долги децении, ќе презимат во Европа...

„Ова го чекаме 48 години, ако победиме и се пласираме во следната фаза тогаш тоа ќе биде врв и на мојата кариера. Ова е шанса на оваа генерација и затоа мора да се искористи. Сакаме пролетта да ја дочекаме во Европа" истакна за медиумите во Хрватска нашиот репрезентативец Аријан Адеми.

Најново во Фудбал