МАКЕДОНСКИОТ „БОМБАРДЕР“ ИМ СЕ ВРАЌА НА КЛУПСКИТЕ ОБВРСКИ

Незаборавниот проектил со Хетафе, ја „покори“ Барса, нека биде така и на Бернабеу!

И Енис Барди беше дел од македонската А репрезентација во новите натпревари од УЕФА Лигата на нации во изминатиот период.

објавено: 18 октомври 2018 - 19:05

Нашиот фудбалер најпрвин имаше убава шанса од слободен удар во Скопје да ја затресе мрежата на Лихтенштајн, а во Ереван против Ерменија не беше досуден пенал кога врз него беше направен чист груб прекршок.

Но, репрезентативните обврски сега се веќе минато, за Барди следуваат новите клупски обврски со екипата на Леванте во најсилната шпанска фудбалска лига.

-ПОРАДИ АВТОРСКИТЕ ПРАВА, ГОЛОТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ДИРЕКТНО НА ЈУТЈУБ-

Во Примера избраниците на тренерот Лопез имаат две победи по ред, а во последната победа над Хетафе (0:1) најзаслужен беше токму нашиот интернационалец со еден фантастичен погодок од скоро 30. метри, кој дефинитивно ќе се најде во еден од најубавите оваа сезона.

Тоа беше прв гол за Македонецот, се надеваме дека ќе продолжи неговата серија кога викендов, поточно в сабота од 13:00 часот кога Леванте гостува на „Сантјаго Бернабеу" против Реал Мадрид.

-ПОРАДИ АВТОРСКИТЕ ПРАВА, ГОЛОТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ДИРЕКТНО НА ЈУТЈУБ-

За разлика од Леванте, „кралевите" се наоѓаат во негативна серија, веќе три меча не знаат за победа, односно имаат два порази и едно реми.

Во ланската сезона Барди ја „покори" Барселона со два гола во победата од 5:4, зошто да не биде и така против европскиот шампион Реал Мадрид.

Најново во Фудбал